ВИДЕО: Миовски стрелец за Ренџерс, четврти гол за македонскиот напаѓач во првенството
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски по подолго време вечерва беше стрелец во шкотското првенство во натпреварот против Кллмарнок, а овој погодок за него беше четврти од почетокот на сезоната. Во листата на стрелци Миовски се запиша во 58-та минута кога зголеми на 2-0, а до крајот Ренџерс запиша и убедлива победа од 5-1.

