Фото: Wisla Plock/FB

Oва е најлудото првенство во Европа, дури и последната екипа може да биде шампион

Фудбалските првенства редовно носат изненадувања, но она што се случува оваа зима во полската Екстракласа е нешто што ретко. Малку лиги можат да се пофалат дека по повеќе од половина од шампионатот разликата меѓу првото и последното место е само неколку бода.

Во актуелната сезона буквално сите сè уште се во игра за шампионската титула, па дури и претпоследната Легија Варшава, најтрофејниот полски клуб со 15 титули. На врвот моментално е Висла Плоцк со 30 бодови, исто колку и второпласираниот Горник Забрже, додека на дното е Термиалика ББ со 19 бодови.

Првите две екипи имаат по 30 бодови, следните две по 29, а потоа доаѓаат тимови со 28, 27 и 26 бодови, што значи дека половина од табелата е собрана во разлика од само четири бода.

Додека во повеќето лиги борбата за титулата се профилира уште наесен, во Полска пласманот се менува од коло во коло, а разликите се минимални. Една победа те носи кон врвот, а еден пораз може да те турне дури и на самото дно, поради што навивачите на сите клубови, па и на последнопласираниот, сè уште калкулираат колку бодови им недостигаат до лидерската позиција.

Аналитичарите посочуваат дека вакво сценарио не се памети во поновата европска фудбалска историја, бидејќи вообичаено помалите клубови брзо се одвојуваат во битката за опстанок, додека три или четири најсилни тима го контролираат врвот на табелата.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот