Полиција во Мексико/Фото: EPA-EFE/Jose Luis de la Cruz

Во Мексико вооружени напаѓачи убија осум лица, меѓу кои пет жени

Осум лица, од кои пет жени, се убиени од страна на вооружени мажи во град во централно Мексико кој е погоден од насилство, во државата Гуанахуато, објавија локалните власти во неделата.

Жртвите, кои не се идентификувани, се убиени во Кортасар ноќта меѓу саботата кон неделата, објави државното обвинителство. Сторителите не се идентификувани.

Државата Гуанахуато е богат индустриски центар дом на популарни туристички дестинации, но се смета и за најнасилниот дел во Мексико.

Во истата општина Кортасар, во 2023 година, вооружени напаѓачи упаднаа во аквариум и убија седум луѓе, меѓу кои и едно дете.

Исто така, во државата Гуанахуато, Националната гарда во неделата, уапси маж кој локалните медиуми го идентификуваа како водач на платени убијци на локалниот картел Санта Роса де Лима.

Насилството во оваа мексиканска држава е поврзано со војната што се води меѓу бандата Санта Роса де Лима и картелот Халиско Нова генерација, еден од најмоќните во земјата.

Според официјалните податоци, насилството поврзано со дрога ги однесе животите на повеќе од 480.000 луѓе во Мексико од 2006 година, кога владата распореди војска за да се бори против ова зло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот