Во Крагуевац пристигна новата опрема, ќе се склопува електричниот „Ситроен Ц3“

Цитроен Ц3/ Фото: Aleksandr Zavatskiy / Alamy / Alamy / Profimedia

Претседателот на Самостојниот синдикат на Фиат Крајслер Аутомобилес, Саша Ѓорѓевиќ за РТС потврди дека дел од новата опрема за производство на електрични автомобили пристигнала во фабриката во Крагуевац.

За почеток, треба да произведува автомобилски делови за фабриката на Стелантис во Словачка. Догодина треба да пристигне уште еден контингент опрема за да биде подготвен за производство на нов електричен автомобил во Крагуевац во текот на 2024 година.

„Стелантис груп“, чиј дел е „Фиат Крајслер Аутомобилес“, и Владата на Србија во април годинава постигнаа договор за финансирање на електричен автомобил што ќе се произведува во Крагуевац. Српската фабрика за автомобили во Крагуевац од крајот на 2024 година ќе произведува модел за замена за „Фиат панда“, развиен врз основа на новиот „Цитроен Ц3“ кој ќе биде целосно електричен.

„Фиат панда“ се произведува во фабрика во Италија, а неговата замена ќе се составува во фабрика во Србија. Исто така, се истакнува дека моделот ќе има само електрична верзија во Европа, а ќе се продава и во Јужна Америка, објави Политика р.с

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот