Во Интер сите сe негативни, Серија А бара промена на протоколот

Сè уште не е прецизирано во случај на тоа што ќе се случи доколку играчот се тестира позитивно по започнувањето на групните тренинзи в понеделник.

Како што и официјално информираат од миланскиот клуб, медицинските тестови направени овој петок на сите играчи, стручниот штаб и останатите вработени во Интер, се негативни на коронавирус.

Најмалку двапати земање на брис и еден тест за крвна анализа ќе бидат обврските на клубовите во Серија А пред враќање на групните тренинзи в понеделник.

Во случај некој да биде позитивен на коронавирус, истиот веднаш ќе биде испратен на изолација.

Медицинскиот протокол сè уште не е прецизиран во случај на тоа што ќе се случи доколку играчот се тестира позитивно по започнувањето на групните тренинзи, а италијанската Влада предлага веднаш целиот тим да биде ставен во карантин на 15 дена, но клубовите и здруженијата на играчите инсистираат да се изолира само заразениот играч.

Раководството на натпреварувањето бара измени во протоколот за продолжување на сезоната, истакнувајќи дека доколку целата се најде во карантин две недели (и покрај желбата да се игра два натпревари неделно), првенството нема да заврши до 2 август како што е планирано, и така ќе исчезне можеби и целата волја кај првите луѓе на италијанскиот фудбал да заврши оваа сезона на теренот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот