Фото: Verwendung weltweit / Monika Skolimowska

Во Германија размислуваат да ги укинат затворските казни за возење без билет во јавен превоз

Луѓето кои ќе бидат фатени како во Германија се возат без билет во јавен превоз, понекогаш завршуваат во затвор. Министерката за правда Штефани Хубиг сака да го промени тоа, а како причина ја наведува и потребата од штедење, пренесува ДПА.

„Од моја перспектива, постојат добри причини за декриминализација“, изјави таа за весникот „Ноје Оснабрикер Цајтунг“.

Судовите и затворите се преоптоварени, вели министерката, додавајќи дека треба да се постави прашањето дали луѓето кои не можат да си дозволат билет навистина треба да одат во затвор.

Во моментов, секој што се вози со автобус или воз без билет врши кривично дело и ризикува парична казна или затвор до една година. Доколку обвинетиот нема пари да ја плати казната, му се заканува затвор.

Германската адвокатска комора (DAV) исто така бара декриминализација.

„Општествената корист од криминализацијата е спорна, додека штетата за заедницата е огромна“, изјави Свен Валентовски од ДАВ за „Ноје Оснабрикер Цајтунг“.

Трошоците за судските постапки и затворските казни изнесуваат околу 200 милиони евра годишно, велат адвокатите.

Синдикатот на полицијата, пак, ја критикува владата. „Возењето без билет на тој начин станува тривијална работа“, изјави Андреас Роскопф од синдикатот за „Рајнише пост“.

Драма во брз воз во Германија — маж се заклучил во тоалетот и фрлал петарди кон патниците

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот