Фото: Ivelin Ivanov / Alamy / Alamy / Profimedia

Драма во брз воз во Германија — маж се заклучил во тоалетот и фрлал петарди кон патниците

Маж е уапсен во Германија откако во брз воз се заканувал со напад и фрлал петарди, при што неколкумина завршиле со полесни повреди, објави „Еј-би-си њуз“.

Возот патувал од Келн кон Франкфурт во четвртокот вечерта. Тој бил евакуиран во Зигбург, недалеку од Келн, а федералната полиција соопшти дека мажот бил совладан и уапсен. Полицијата наведе дека во неговиот ранец бил пронајден нож.

Според полицијата, мажот се затворил во тоалетот на возот. Тој фрлил петарди во преминот меѓу седиштата. Полицијата соопшти дека неколкумина завршиле со полесни повреди.

Засега нема дополнителни информации за осомничениот.

Јапонија: 15 повредени во напад со нож во фабрика

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот