Префектурата Шизуока/Фото: EPA/FRANCK ROBICHON

Јапонија: 15 повредени во напад со нож во фабрика

Петнаесет лица се повредени денеска откако маж влегол во фабрика во префектурата Шизуока во централна Јапонија и нападнал работници со нож, додека други ги испрскал со непозната течност, јавија локалните медиуми, пренесува Синхуа.

Околу 16:30 часот по локално време е примен итен повик во кој се известува дека неколку лица се избодени со нож во фабрика за гума „Јокохама“ во градот Мишима, префектурата Шизуока, и дека течноста е испрскана во објектот, објави јавниот радиодифузен сервис НХК, повикувајќи се на локалната полиција и противпожарните власти.

Според противпожарната служба, 15 лица се повредени и моментално примаат лекарска помош. Сите се во свесна состојба.

Полицијата уапси 38-годишен жител на градот Мишима, за кој се верува дека е поврзан со фабриката, на местото на настанот под сомнение за обид за убиство.

Според полицијата, осомничениот наводно носел нешто што изгледало како гас-маска во времето на нападот.

Властите моментално ги истражуваат деталите за инцидентот.

Насилните злосторства се релативно ретки во Јапонија, која има ниска стапка на убиства и едни од најстрогите закони за оружје во светот.

Сепак, има повремени напади со нож, па дури и пукања, вклучувајќи го и атентатот врз поранешниот премиер Шинзо Абе во 2022 година.

Јапонец беше осуден на смрт во октомври за пукање и напад со нож во кој загинаа четири лица, вклучувајќи двајца полицајци, во 2023 година.

43-годишен маж беше обвинет и за обид за убиство во мај поради напад со нож на метро станицата Тода-мае во Токио.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот