Во ЕУ речиси 80 проценти од термоцентралите работат со загуба

Речиси 80% од централите на јаглен што се наоѓаат во ЕУ работат со загуба и оваа година би можеле да загубат скоро 6,6 милијарди евра, според студијата на невладината организација „Carbon Tracker Initiative“, цитирана од „Ројтерс“.

Ниските трошоци за обновливата енергија и поевтиниот природен гас се повеќе конкурентни во споредба со јагленот. Одделно, ќе биде потребно распоредување на многу поскапа технологија во многу погони за да се исполнат построгите стандарди на ЕУ за квалитет на воздухот од 2021 година, а може да се зголемат и трошоците за испуштање на јаглерод, велат од организацијата.

Неколку земји-членки на ЕУ ги објавија плановите за исклучување на термоцентралите за исполнување на меѓународните цели за намалување на емисиите. Но, многу земји сè уште се потпираат на јагленот за производство на енергија, особено во Полска.

Сепак, многу оператори на термоцентрали велат дека јагленот ќе биде потребен со децении за да се обезбеди стабилно снабдување со електрична енергија заради нестабилна обновлива енергија.

„Carbon Tracker“ ги анализира сите централи во ЕУ. Откриено е дека 84% од електраните на лигнит пријавиле загуби од 3,54 милијарди евра, а 76% од оние со јаглен на антрацит изгубиле 3,03 милијарди евра.

Германската енергетска компанија „RWE“ објави најголеми загуби годинава во износ од 975 милиони евра, што е 6% од нејзината пазарна капитализација. Централноевропската енергетска група „EPH“, која има средства главно во Германија и Чешка, може да изгуби 613 милиони евра, а „РРС“ во Грција би можела да изгуби 596 милиони евра.

Централите што продолжуваат да имаат корист се оние во Полска, бидејќи добиваат големи субвенции, исто така некои во Германија, Холандија, Италија, Чешка и Словенија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот