ВИДЕО | Во едната рака Оскар, во другата хамбургер: Мајкл Б. Џордан покажа како слават ѕвездите
По освојувањето на Оскарот за најдобар актер за улогата во филмот „Грешници“, актерот Мајкл Б. Џордан одлучи да прослави на свој начин, со брз оброк. Популарниот актер не сакал да прослави во луксузна и затворена атмосфера, па со златната статуетка во рака свратил во ланецот за брза храна „In-N-Out Burger“, познат по своите бургери и љубезниот персонал.
Препорачано
Michael B. Jordan went to In-N-Out after the #Oscars pic.twitter.com/NetzJtw58P
— cinesthetic. (@TheCinesthetic) March 16, 2026
Посетителите и фановите кои го затекнале во ресторанот веднаш почнале да прават фотографии и видеа, па социјалните мрежи буквално се преплавија со коментари и шеги.
Многумина забележаа дека Џордан бил целосно опуштен и насмеан додека нарачувал храна, а други ја пофалија неговата едноставност и приземност.
Овој потег се вклопува во една неформална холивудска традиција, неколку добитници на Оскар и претходно ја славеле наградата со доцна ноќна посета на „In-N-Out“, често носејќи ја статуетката со себе и позирајќи со фановите.
Да потсетиме, Мајкл Б. Џордан за првпат во кариерата го освои Оскарот за најдобар главен актер, благодарение на двојната улога на близнаците Смоук и Стек во натприродниот трилер „Грешници“.


