Во чест на фудбалската легенда, стадионот „Младост“ со ново име! (ФОТО)

facebook.com/pg/belasicafc/

Како што пренесува фудбалскиот клуб на Беласица преку социјалните мрежи, претседателот на клубот Славчо Васков – Панда донесе одлука денеска стадионот „Младост“ да се преименува во „Благој Истатов“.

– Претседателот на ФК Беласица Славчо Васков – Пинда, донесе одлука, денес, на денот на одбележувањето на годишнината од смртта на „Горостасот меѓу стативите Благој Истатов“, стадионот „Младост“ да се преименува во „Благој Истатов“, во чест на фудбалската легенда на ФК Беласица и македонскиот фудбал, човекот синоним за фудбалот во Струмица – се вели во соопштението на ФК Беласица.

Како фудбалер ги бранеше боите на Беласица, Победа Прилеп, Партизан од Белград и холандскиот клуб Утрехт.

Како тренер ги водеше Беласица, Скопје, беше асистент во Вардар и Касториа од Грција, а во периодот од 1996-1999 год. беше тренер на голманите во македонската А репрезентација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот