Во Бугарија има политичари кои ги штитат интересите на Кремљ, тврди поранешниот бугарски министер за одбрана Бојко Ноев

Не можеме да ги затвориме очите пред фактот дека реално има бугарски политичари кои ги влошуваат нашите односи со Северна Македонија и им даваат повод на македонските власти да најдат оправдување тогаш кога се тепаат бугарските граѓани и македонски Бугари, вели поранешниот бугарски министер за одбрана и експерт за нациоанлна безбедност, Бојко Ноев. Според него, на некои бугарски политичари треба да им се забрани влез во Македонија, но и на политичката сцена во Бугарија.

Во интервју за БТВ Ноев ги коментираше изјавите на македонскиот претседател Стево Пендаровски дека треба да се забрани бугарски европратеник и некои политичари да присуствуиваат на чествувањето за Гоце Делчев на 4 февруари во Скопје, бидејќи имало информации дека некои од нив се поврзани со руските служби.

– Има бугарски политичари на кои не треба да им биде дозволен влез не само во Република Северна Македонија, туку не треба да им се дозволи да бидат и на бугарската политичка сцена. Тоа се бугарски политичари кои сакаат Бугарија да се одвои од Европа. Тоа се политичари кои одржуваат референдуми за отцепување од Европа, против еврото, а можеби и за влез во зоната на рубљата. Тоа се политичари кои отворено ги бранат интересите на Кремљ во Бугарија – изјави Ноев.

Според него, не треба да се затвораат очите пред фактот дека има „бугарски политичари кои ги влошуваат билатералните односи со Северна Македонија и им даваат повод на македонските власти да најдат оправдување кога се тепаат бугарските граѓани и македонски Бугари“.

– Тие отворено ги штитат интересите на Кремљ во Бугарија. Човекот кој што има врска со Русија е претседател на бугарска политичка партија. Луѓе како него нанесуваат голема штета не само на европската иднина на Бугарија, туку и на односите со Северна Македонија и на безбедноста на државата – обвинува Ноев.

Тој додава дека руските служби во Бугарија имаат улога во политичкиот живот и „за жал не се преземаат доволно мерки за нивно неутрализирање“.

Во истиот контекст е и изјавата на поранешната бугарска амбасадорка во САД, Елена Поптодорова, која во изјава за бугарската Нова ТВ вели дека „сите политичари кои ја напаѓаат РСМ за свои политички цели реално навистина му служат на рускиот интерес, но сликата е посложена отколку да се зборува за шпионски врски“.

Инаку, Боев во интервјуто за БТВ уште говори за евроинтеграцијата на Македонија и тврди дека „никогаш немало вето за Северна Македонија, а клучниот услов на Бугарија бил правата на македонските Бугари да бидат заштитени и почитувани како што се правата на сите останати народи во Северна Македонија“. Според него, додека тоа не се случи нема да има европска иднина за Македонија.

– Утврдувањето на македонскиот идентитет е на сметка на забраната на сѐ што е бугарско што се одразува и на самите луѓе во РСМ кои се сметаат за Бугари. Македонските власти се правдаат дека не можат да направат измени во македонскио Устав за да ги признаат правата на македонските Бугари, а истовремено за неколку дена усвоија замкон против Бугарите – вели тој.

Ноев уште јасно кажува дека промената на Уставот за главниот услов за европската перспектива на Македонија.

– Во Република Северна Македонија и натаму е забрането да бидеш Бугарин и на тоа треба да му се стави крај – порачува Ноев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот