Васил Зафирчев во поткастот „Естраден лексикон“ на Марио Арангеловски / Фото: Скриншот/Јутјуб

„Вљубен сум“: Васил Зафирчев се отвори за љубовниот статус

Актерот Васил Зафирчев искрено прозборе за својот љубовен статус во моментов.

Зафирчев е познат по својата професионалност, но кога станува збор за приватниот живот, тој секогаш зборува со посебна зрелост и смиреност.

Во најновото издание на поткастот „Естраден лексикон“, Зафирчев отворено одговара на прашањата кои често ја интригираат јавноста – од неговиот моментален љубовен статус, па сè до неговите први емотивни и сексуални искуства.

На прашањето за неговиот моментален љубовен статус и дали е во врска или во брак, Зафирчев со насмевка одговори: „Вљубен. Вљубен… Во врска. Не сум во брак, јас бев во брак.“

Тој се осврна и на тоа како општеството и системот имаат потреба да ги етикетираат луѓето според нивниот брачен статус, споделувајќи една интересна анегдота од секојдневието:

„Гледаш како системот етикетира на некој начин, нели? Многу ми беше интересно на некаква анкета, не се сеќавам сега каде беше… дали беше во некаква банка или некаква компанија од овие мобилни, не се сеќавам… Дека таму како една од опциите беше дека може да се штиклира кај брачниот статус ‘разведен’. И ти штиклираш дека си разведен, како тоа да е нешто многу важно. Не гледам јас така на тоа. Вљубен, вљубен, тоа е сосема доволно. Кажува сè.“

Кога се врати низ спомените во училишните денови, актерот се присети на својот прв бакнеж, кој се случил уште во основно училиште.

„Охохо, во основно училиште. Со една моја соученичка, која ми е до ден-денес пријателка. Да, таа е од оние првите, како би рекол, платонски љубови.“

Зборувајќи за првото сексуално искуство и границите кои денес сè повеќе се поместуваат кај младите генерации, Зафирчев откри дека неговото искуство се случило во раната младост, но во едно поинакво време.

„Јас, бидејќи покрај другари кои ми беа генерација, соученици, имав и едно друштво кое беше повозрасно… Така што, точно можев да увидам како се менува тоа сексуално созревање, генерациски… Јас некаде на 13-14 години, нешто така. 14 години. Тоа е прва година средно.“

Зафирчев сподели и своја филозофија за тоа што е навистина важно во една врска и како ја препознава вистинската личност за себе. Тој разбива еден голем мит за „пеперутките во стомакот“, кој често се поврзува со љубовта.

„Луѓето многу често мислат дека кога човек има пеперутки во стомакот, дека е тоа тоа. Тотално е обратно. Вистински добрите луѓе за нас даваат мир, не немир“, рече актерот.

Интервју со Васил Зафирчев: Со Калиопи и денес го делиме секојдневието и љубовта

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот