9 C
Скопје

Властите во САД бараат забрана за насилни видео игри како „Grand Theft Auto“

Пратеник во американската држава Илиноис сака да се забрани продажбата на насилни видео игри на малолетници, особено играта „Grand Theft Auto“ заради зголемениот број на кражби на автомобили инспирирани од истата.

Демократот Маркус Еванс воведе предлог закон со кој би се забранила продажба на одредени видео игри на малолетници. Со неговиот предлог се забранува продажба на игри во се присутни „кражби на моторни возила со присутен возач или патник“, пишува „Chicago Sun Times“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by big 1418 villain (@1418xvillain)


Предлог законот ќе забрани продажба на некои од видео игрите во кои се промовираат активности на кои сведочиме во нашата заедница“, вели Еванс.

Прочитајте и...  Ѕвездата на „Сам дома“ Меколи Калкин стана татко

Имено, во Америка се почесто се случуваат кражби кои наликуваат на оние од видео игрите – некој дотрчува, го извлекува возачот од автомобилот и го краде, честопати со примена на сила и употреба на оружје.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Grand Theft Auto VI (@gta6)

Во понеделникот беше уапсен 16-годишник и обвинет за крадење автомобил. Пред неколку дена и двајца 15-годишници беа уапсени и обвинети за крадење автомобил.

Иако нема директна поврзаност меѓу играта „Grand Theft Auto“ и кражбите на возила, многумина мислат дека видео игрите се причина за насилни дејствија кај малолетници и сметаат дека забраната би помогнала да се намали криминалот, други веруваат дека видео игрите не придонесуваат за агресивни дела кај децата.

Прочитајте и...  Затвор

Поврзани вести

Дневен хороскоп за 13 април: Животот е тркало, а вие денес ќе се уверите во тоа

Слободен Печат

Затвор

Слободен печат

На денешен ден – 13 април

Слободен Печат

Животна мантра за секој хороскопски знак: Следете го срцето, но „понесете“ го и вашиот мозок со вас!

Слободен печат

Храна која треба да ја избегнувате доколку сте алергични на полен

Слободен печат

ФОТО: Грајмс се пофали со вонземјанските лузни – Девојката на Илон Маск ја покажа новата тетоважа

Слободен печат

Остави Коментар