Влаховиќ се поврзува со можен трансфер во Барса
Душан Влаховиќ е на „мета“ на Барселона, каталонски извори денеска откриваат дека шпанскиот гигант будно ги следи случувањата во Јувентус по одземањето бодови и потенцијалниот хаос во тимот од Торино.
Препорачано
Сега на Јувентус ќе му биде многу потешко да стигне до Лигата на шампионите, а во тој случај не се исклучени и потенцијални заминувања во летниот преоден рок. Фокусот на Барса е на Локатели и Влаховиќ, но ситуацијата со Србинот е многу покомплицирана.
Каталонците пишуваат дека Србинот би можел да биде опција само доколку Јуве остане без ЛШ на крајот од сезоната. Исто така, Барса верува дека Влаховиќ би можел да биде идеален трансфер за 2024 година, кога и Роберт Левандовски ќе наполни 36 години.
Она што е важно да се истакне е дека директорот на Барселона, Матеу Алемани е во постојан контакт со Влаховиќ и потврдено е дека тие се запознале пред заминувањето во Торино, па ќе биде интересно да се следат случувањата во Јувентус.
Барса сега сигурно нема да може да го плати Влаховиќ, кого „Старата дама“ нема лесно да го пушти да си замине откако вложи 80 милиони евра, но сè може да се промени во следните шест месеци до една година.


