Маркети/Фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

Владината кошничка е за 160 евра пoевтина од синдикалната

Владината просечна потрошувачка кошничка е за 160 евра пониска од синдикалната минимална. Владата пресметала дека на едно четиричлено домаќинство во јануари му биле потребни 56.000 денари, откри за ТВ 21 министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши.

Според него, владината просечна била поевтина од синдикалната минимална, бидејќи синдикатот имал нереално повисоки пресметки.

„Во јануари 2026 година просечната потрошувачка кошничка, според наша пресметка, е околу 56.000 денари. Ако ја разгледаме структурата на 2025 година ќе видиме значајни разлики по категории. Како на пример, кај облека и обувки разликата изнесува за три илјади и нешто денари, околу 50 проценти е поевтина. Кај домување, вода, електрика, горива разликата е исто околу 3.000“, вели Дурмиши.

Тој вели дека сериозното отстапување меѓу овие две кошнички е што, според него, во синдикалната кошничка биле ставени многу работи кои што не ги употребува едно семејство.

Дурмиши кажа дека во владината кошничка има над 100 основни прехранбени производи, а на списокот има и нескафе, кое за премиерот беше луксуз.

Инаку, синдикалната кошничка за јануари е 66.400 денари, а февруарската стигна до 67.400 денари.

Синдикалната кошничка во февруари поскапа за речиси илјада денари во однос на јануари

 

Со две минимални плати нема да се покрие ни „владината“ кошничка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот