Синдикалната кошничка во февруари поскапа за речиси илјада денари во однос на јануари

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во февруари се зголемени за речиси илјада денари во споредба со јануари, покажуваат податоците на Сојузот на синдикати на Македонија кој ја прави синдикалната потрошувачка кошничка.

Синдикалната минимална кошница за февруари изнесува 67.382 денари и во однос на синдикалната минимална кошница во јануари е зголемена за 969 денари. Со изнајмен стан од 60 квадрати, вредноста на синдикалната минимална кошничка се зголемува на 82. 757 денари.

Зголемување од речиси илјада денари има и во делот на храната односно ако за јануари биле потребни минимум 24 211 денари, во февруари за истата намена биле потребни 25 156 денари.

Од ССМ велат дека за само два месеца од почетокот на годината, најавеното усогласување на минималната плата што треба да се случи во март, е изедено со растот на минималната синдикална кошничка.

– За само два месеца едно семејство е посиромашно за две илјади денари. За 24 месеци, односно околу колку што одбиваа да ја зголемат минималната плата вредноста на синдикалната минимална кошница е зголемена за повеќе од 10 000 денари и затоа наместо да се препукуваат на грбот на работниците и политичките партии да застанат со нив, да ја изгласаат минималната плата која треба да иузнесува 600 евра и да ги зголемат сите останати плати за најмалку 6 000 денари – вели претседателот на ССМ Слободан Трендафилов.

ССМ им остави простор на Владата и работодавачите до крајот на февруари да се договорат за зголемувањето на минималната плата, во спротивно најавуваат уште еден протест и организирање генерален штрајк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот