Владата со 37.000 евра ја подновува кујната, една чинија ќе чини 88 евра

Фото: МИА

Службата за општи и заеднички работи ја подновувава владината кујна со нов прибор за угостителство. Покрај бела техника, се набавува и нов прибори за јадење, со највисок квалитет, порцелан, инокс и кристал, пишува ММС.

Три фирми го добиле договорот вреден над 37.000 евра, а тоа се„Еурефи Инжинеринг“, „ДЛ Конкорд“ и „Дидакс“ сите од Скопје. Тие до владината сужба треба да достават висококвалитетна бела техника- софистицирани електрична и плинска скара, витрина, шок фрижидер од инокс, фрижидер за замрзнување храна, апарат за пеглање, стик правосмукалка, машина за пакување храна. Но, и повеќе комплети на најразлични прибори за јадење за владината кујна.

Чиниите во најразлични форми по 30 и 60 парчиња треба да бидат изработени од тврд порцелан кој е отпорен на гребење и да бидат бели со златна линија. Ножевите, вилушките и лажиците, пак, исто по 30 или 100 парчиња треба да бидат изработени од високоотпорен нерѓосувачки инокс. А чашите од по 30 парчиња треба да бидат кристални.

Над 17.000 евра ќе бидат платени за прибор за угостителството . Така, за само еден вид чинии за главно јадење владата ќе плати по 4.588 денари без ДДВ, или една чинија со ДДВ ќе ја чини над 5.400 денари или неверојатни 88 евра по чинија. Бидејќи бара 30 парчиња само за нив ќе плати околу 2.650 евра. Останатите чинии чинат по околу 50 евра за парче, или од 1.144 денари тие за десерт, до над 3.700 денари парче за други за главно јадење. Еден нож од инокс за главно јадење чини неверојатни 639 денари или 10,4 евра за парче.

Владата со реакција: Кујнскиот прибор не е наменет само за потребите на Владата, туку за сите државни институции

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот