Вкусови што се памтат: Турска кујна – Кескул, десерт кој потсетува на популарните Рафаело бомбици, а се прави за само 15 минути!

Фото: Јутјуб/Принтскрин

Сосема во согласност со својата репутација, турската кујна секогаш претставува пријатно изненадување за сите оние што ја пробале.

Во текот на оваа недела ќе ви претставиме неколку традиционални рецепти од турската кујна.

Овој пат подготвивме нешто слатко кое е многу популарно во Турција бидејќи вкусот многу потсетува на популарните Рафаело бомбици. Се прави брзо и се јаде уште побрзо.

Состојки:

  • 5 дл. ладно млеко
  • 40 гр. кокос
  • 60 гр. брашно
  • 80 гр. шеќер
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 1 лажица путер.

За декорација:

– кокосово брашно, сечкани несолени ф`стаци и цели бадеми или печени лешници.

Подготовка:

Ставете ладно млеко, кокос, шеќер и ванилин шеќер во малку поголем сад. Потоа истурете го и брашното во садот и изматете сè со жица за матење.

Садот ставете го на оган убаво да зоврие, мешајќи. Кога ќе зоврие додадете го путерот и промешајте да се стопи.

Тргнете го од оган и истурете во 4 чинии (волумен 1,5 дл).

Фото: Јутјуб/Принтскрин

Покријте ја секоја чинија со фолија за храна и ставете ги во фрижидер неколку часа.

Откако убаво ќе се изладат богато посипете ги со кокосово брашно и ситно сечкани несолени ф`стаци, a одозгора додадете цели бадеми или печени лешници.

Добар апетит!

Вкусови што се памтат: Турска кујна – Ќофте во тава со зеленчук готово за 40 минути

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот