Вкусови што се памтат: Црногорска кујна – Цицвара (РЕЦЕПТ)

Црногорската национална кујна повеќето луѓе веројатно ги потсетува на традиционалните приморски јадења подготвени на различни начини. Црногорските специјалитети се разликуваат во однос на природното опкружување од кое потекнуваат. Во текот на оваа недела ќе објавиме неколку рецепти со кои црногорската кујна се гордее.

За денес одлучивме тоа да биде едно едноставно многу старо црногорско јадење или еден вид додаток, многу лесен за подготовка бидејќи сите состојки се ставаат во еден сад и се варат.

Состав:

– вода 2 дл
– млеко 2 дл
– сирење кравјо 300 гр
– 1 маст или путер
– пченкарно брашно 8 лажици
– 1 лажица масло
– 1 лажиче сол

Подготовка:

Во подлабок сад ставете ги млекото, водата и путерот да зовријат, додадете го сирењето, додадете сол, промешајте и оставете го повторно да зоврие. Кога повторно ќе зоврие, намалете ја температурата, ставете го пченкарното брашно во садот и постојано мешајте додека врие околу десет минути. Кога ќе фати кора на дното на садот, цицварата е подготвена за сервирање. На крај ставете една лажица масло и промешјате. По желба се става и буковка.

Може да сервирате со бел леб, варен компир или други јадење.

Добар апетит!

 

Вкусови што се памтат: Црногорска кујна – Брз црногорски колач (РЕЦЕПТ)

Вкусови што се памтат: Црногорска кујна – Раштика со колбаси и ребра (РЕЦЕПТ)

Вкусови што се памтат: Црногорска кујна – Јагнешко во млеко

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот