Вкусови што се памтат: Црногорска кујна – Брз црногорски колач (РЕЦЕПТ)

unspash
unspash

Црногорската национална кујна повеќето луѓе веројатно ги потсетува на традиционалните приморски јадења подготвени на различни начини. Црногорските специјалитети се разликуваат во однос на природното опкружување од кое потекнуваат. Во текот на оваа недела ќе објавиме неколку рецепти со кои црногорската кујна се гордее.

За денес ден одлучивме тоа да биде еден едноставен колач кој можеби има побогат состав , но е многу лесен за подготовка бидејќи сите состојки се ставаат во еден сад се меша и се пече.

Состојки:

  • 2 јајца
  • 2 дл гриз
  • 1 дл млеко
  • 2 дл шеќер
  • 1-1,5 дл масло
  • 100 гр мелени ореви
  • 1 кесичка прашок за пециво
  • 4 дл рендани јаболка
  • 1 кора од лимон
  • 3-4 вреќи ванила
  • 2 лажици рум

Глазура:

– 2 кесички прашок за шлаг
– 85 гр црно чоколадо
– 3 лажици масло

Подготовка:

Изматете го јајцето со шеќер и ванила прав во подлабок сад, а потоа додадете ги останатите состојки и убаво измешајте. Смесата сипете ја во тава за печење и печете на 200 Ц додека не зарумени.

Кога тортата ќе се олади, премачкајте ја со шлаг и прелијте ја со чоколадна глазура, која можете да ја направите од црно чоколадо и масло. Чоколадото го топите во тавче на малку загреано масло.

Добар апетит!

 

Вкусови што се памтат: Црногорска кујна – Јагнешко во млеко

 

Вкусови што се памтат: Црногорска кујна – Раштика со колбаси и ребра (РЕЦЕПТ)

Вкусови што се памтат: Црногорска кујна – Качамак со кајмак (РЕЦЕПТ)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот