Вкупна казна од 183.000 денари и суспензии за тепачката во Тетово

Фото: Screenshot

Во натпреварот од третата лига во западната група кој заврши со победа на Тетекс од 71:65 дојде до општа тепачка помеѓу кошаркарите на двата тима, а сега се поделени казната од кошаркарската федерација кои вкупно изнесуваат 183.000 денари.

Во инцидентот неколку кошаркари си разменија удари со клоци и боксови, па повеќемина предвреме го завршија натпреварот. Натпреварот до крајот се доигра со само седум кошаркари во поле, Тетекс остана со четири, а Мега со тројца. Тетекс до победата дојде со пресврт по таа ситуација и во последните три ипол минути оствари серија 16:4.

За овој инцидент Тетекс ќе треба да плати 94.000 денари, додека пак Мега 89.000 денари.

Дел од главните причинители заработија и суспензии, а казни има и за судиите Димоски и Гавриловски, како и за делегатот Ников. Суспендираните се казнети со четири натпревари, а се сметаат сите рангови на натпреварување.

ВИДЕО | Општа тепачка на кошаркарски натпревар во Тетово

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот