ВИДЕО | Општа тепачка на кошаркарски натпревар во Тетово

Фото: Screenshot

Aко на дербито помеѓу Вардар и Еурофарм Пелистер во „Јане Сандански“ вчера се случуваа инциденти помеѓу навивачите, во Тетово се случи инцидент помеѓу кошаркарите на Тетекс и Мега Баскет.

Во натпреварот од третата лига во западната група кој заврши со победа на Тетекс од 71:65 дојде до општа тепачка помеѓу кошаркарите на двата тима. Инцидентот започна по еден мал удар со нога на гостински кошаркар. Ударот не беше со интезитет да се повреди кошаркарот, но беше доволен да предизвика жестока реакција на домаќините.

Неколку кошаркари си разменија удари со клоци и боксови, па повеќемина предвреме го завршија натпреварот. Натпреварот до крајот се доигра со само седум кошаркари во поле, Тетекс остана со четири, а Мега со тројца. Тетекс до победата дојде со пресврт по таа ситуација и во последните три ипол минути оствари серија 16:4.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот