Вилма Русковска: Боки 13 ги однел парите од „Рекет“ дома, а наводните пораки од неговиот телефон се лажни

Поранешната шефица на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, во емисијата „На кавга со Иван“ изјави дека не ја проверувала сопственоста на телевизијата, за која Бојан Јовановски – Боки 13 се претставувал како сопственик, бидејќи немала причина да го стори тоа пред почетокот на постапките за случаите „Рекет“ и „Меѓународен сојуз“.

— Имаше билброди за таа телевизија. Што правеше полицијата тогаш, ние сме орган за прогон, не сме орган за откривање на кривични дела. Некој треба да го открие кривичното дело за да ние реагираме — рече Русковска.

За Бојан Јовановски – Боки 13, Вилма Русковска изјави дека не се движеле во исти кругови, но дека повремено го гледала во кафулиња, каде секој седел одделно со различно друштво.

Говорејќи за случајот „Меѓународен сојуз“, таа објасни дека адвокатите побарале нивен вештак да го прегледа телефонот на Јовановски, што судијата го дозволил, но со предупредување дека материјалите може да се користат исклучиво за судски цели. Според Русковска, Бојан ја злоупотребил оваа можност, па дури и во некои поткасти биле прикажувани наводни пораки телефонот, кои, како што вели, биле целосно неточни.

Во однос на парите од случајот „Рекет“, таа додаде дека снимката која беше објавена никогаш не била оспорена – ниту од обвинителството, ниту од одбраната.

— Оштетениот Јордан Камчев донесе дискови кои беа вештачени во полиција и не може тоа да се побие никако. Снимите ги има до возилото. По вештачењето на телефонот на Боки, парите беа на една фотелја наредени, во домот на неговите родители. Имавме точно локација и време по вештачењето на телефонот. Тогаш се гледаат во домот на неговите родители, по што им се губи трагата — рече Русковска.

Таа посочи дека Бојан Јовановски, чија казна затвор беше прекината за лекување, летово бил на летување во Турција, а подготвува и песни и други манифестации во моментов.

Катица Јанева има уште година и половина од казната – оди на работа и користи викенди

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот