Викторија Јовановска и Петар Заборски со високи пласмани во Светската карате лига во Португалија

фото извор: Bosko Zaborski

Македонската каратистка Викторија Јовановска го освои петтото место на Карате 1 Серија А во Матосинхос, Португалија, откако во борбата за бронзата загуби со резултат 4:7 од Анквуд Олаја Енхаили од Шпанија.

Ова е успех за Јовановска, иако радоста можеше да биде поголема, бидејќи каратистката на „Макпетрол“ извојува четири победи, а во полуфиналето загуби 0:1 од Ешли Какиај од Холандија. Во борбата за медал водеше со 4:3 поени, на само девет секунди до крајот. За жал таа не успеа да го зачува водството и мораше да се задоволи со високиот пласман на петтото место.

61 кг
Викторија Јовановска – Дарија Питта (Италија) 1-1
Викторија Јовановска – Клаудија Сантос (Португалија) 8-0
Викторија Јовановска – Ѓихане Менасер (Франција) 4-0
Викторија Јовановска – Јелена Калајѓиќ (Австралија) 1-0
Полуфинале
Викторија Јовановска – Ешли Какиај (Холандија) 0-1
За бронза
Викторија Јовановска – Анквуд Олаја Енхаили (Шпанија) 4-7

Во борбите на Карате 1 Серија А во Матосинхос, Португалија, неколку каратисти на „Макпетрол“ забележаа по две победи. Најискусниот репрезентативец, кој беше и во улога на тренер, Петар Заборски првата борба ја загуби, но доби шанса во репасажот бидејќи Херохи Пицул од Украина се пласира во финалето.

Петар одлично стартуваше и заблежа две победи, а во третата беше поразен со минимален резултат 0:1 од Швеѓанецот Рики Хааг. Витомир Трајковски забележа две ефектни победи, а во третата средба со Нико Мантере од Финска е поразен со 1:2. Во истата категорија Петар Спасеновски забележа победа и пораз.
Стефан Стојановиќ постигна две победи, а во третиот меч загуби со минимален резултат 0:1 од Николаи Секот од Германија.

На Карате 1 Серија А, настапија 990 спортисти од 70 земји. Тимот го водеше тренерот и натпреварувач Петар Заборски.

Карате 1 Серија А – Матосинхос 2023, останати резултати:

75 кг
Петар Заборски – Херохи Пицул (Украина) 0-9
Репасаж
Петар Заборски – Матео Гамба (Италија) 5-0
Петар Заборски – Лием ле Тан (Франција) 2-0
Петар Заборски – Рики Хааг (Шведска) 0-1
84 кг
Витомир Трајковски – Џијанмарко Маглијано (Италија) 9-0
Витомир Трајковски – Жан-Клод Оверман (Холандија) 4-2
Витомир Трајковски – Нико Мантере (Финска) 1-2
Петар Спасеновски – Аро Туоминен (Финска) 5-3
Петар Спасеновски – Валери Соник (Украина) 1-4
+84 кг
Стефан Стојановиќ – Леонардо Переира (Португалија) 3-0
Стефан Стојановиќ – Леае Бенхенија (Мароко) 3-3
Стефан Стојановиќ – Николаи Секот (Германија) 0-1

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот