Виктор Киплагат Серем од Кенија победник на „Виз Ер Скопски Маратон“
Денеска низ улиците на Скопје се одржа 19 издание на „Виз ЕР Скопски Маратон“ со учество на преку 11.000 атлетичари од 53 земји.
Во маратонската трка (42,195 км) победи Виктор Киплагат Серем од Кенија пред неговиот сонародник Лабан Черјот и македонскиот репрезентативец, Дарио Ивановски.
Во женска конкуренција најбрза беше Рут Чемисто Матебо од Кенија пред нејзината сонародничка Мерци Кипкемои и Хрватката, Марија Врајиќ. Нашата Билјана Кираџиева заврши на четвртото место.
Во Полумаратонот (21,097 км) во машка конкуренција најбрз беше Бен Фелтон (В. Британија) пред Србинот Велимир Бојовиќ и нашиот Леонид Вандевски.
Во женска конкуренција на највисокото место на пиедесталот се искачи Адријана Поп Арсова од Македонија, додека второто и третото место им припадна на атлетичарките од Косово, Гриза Бакраџи и Наиле Сеферај.