Викенд Медиа Фестивалот без пластика за едно користење

На 12. издание на најголемиот комуникациски фестивал во регионот, кој се одржува од 19 до 22 септември, во Ровињ, првпат ќе се користат посебно дизајнирани чаши кои се мијат за да се смали користењето и фрлање на пластика. На чашите ќе го има логото на фестивалот и порака како со користење на овие чаши ја чуваме планетата. По користење, посетителите чашата ќе можат да ја однесат дома како сувенир од најдобриот Викенд во годината.

„Викенд Фестивалот од секогаш размислува зелено, што може да се види на визуелниот идентитет на уредувањето на самиот фестивалски простор. Екологијата никако не ја сметаме само за тренд, туку за стил на живот. На Фестивалот без пластика за едно користење сакаме да ја подигнеме свеста за екологијата и да се грижиме за природата колку можеме повеќе“, истакнал Томо Рицов, директорот на Викенд Медиа Фестивалот.

Чашите кои се мијат можат да се земат од шанковите сместени во внатрешноста на фестивалскиот комплекс во старата фабрика за тутун во Ровињ. Посетителите ќе можат да ги земат чашите со себе, но и да ги остават на предвидените места/пунктови за тоа.

Годинашниов Викенд носи повеќе од 150 предавачи и панелисти, а низ три дена преку 5.000 учесници од сите земји во регионот ќе можат да уживаат во богатата фестивалска програма која ќе се одржува во пет паралелни сали. Новитет е Викенд Мастерклас, кој во најпрестижниот хрватски хотел Гранд Парк Хотел Ровињ го доведува легендарниот лидер на Таг Хеуер и Хублот, Жан-Клод Бивер, кој во четврток, на 19 септември во 11 часот ќе ги открие тајните од водењето на луксузен бренд и со тоа ќе ја отвори годинашнава програма на фестивалот.

Кои актуелни теми и кои интересни предавачи и експерти се очекуваат на годинашниов Викенд можете да видите на деталната програма на службената страна на фестивалот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот