Видов што прави мојот сопруг и одвратно е: Дознав откако се венчавме, еднаш кога дојдов дома и почуствував… – Слободен печат
ЖенаМагазинСемејство

Видов што прави мојот сопруг и одвратно е: Дознав откако се венчавме, еднаш кога дојдов дома и почуствував…

Се обидов на убав начин да разговарам со него за тоа, но ништо не постигнавме!

Некои бракови, најчесто оние кога паровите „рипнале во тавче“ без да живеат заедно (без разлика дали тука, на запад, низ свет) тонат поради новите сознанија за своите партнери/партнерки околу однесувањето во домот. Кога сме во врска, „малите валкани тајни“ ни се атрактивни, привлечни, па и секси. Но голем дел на оние што се во брак ќе се согласат дека се непријатно изненадени кога сфаќаат дека сопружниците имаат „свои навики“ низ дома за кои претходно не знаеле, па оттука одекнуваат прашања во глава како „Дали јас се омажив/оженив за оваа личност?!“. Најверојатно баш тоа ја натерало оваа жена да ја сподели чудниот таен фетиш на нејзиниот сопруг кој воопшто не ѝ се допаѓа.

„Полека здивувпам поради одвратните активности на мојот сопруг. Не можам повеќе да го поднесам тоа, но мислам дека треба да прифатам дека никој не е совршен и секој има свој живот. Се обидов на убав начин да разговарам со него за тоа, но ништо не постигнавме. Премногу ми е срам да прашам… Но сакам да знам дали јас сум неразумната, зошто тоа многу ми пречи“, споделува таа.

„Тој има 31 година, во брак сме две години и таа негова навика ја дознав дури кога се венчавме. Имам доволно години и искуство да знам дека тоа е нормално кај секој маж, но тој смета е добро „да си заврши работа“ по постелнината, додека мене ме нема… Тоа го сфатив кога раката нетенденциозно ми беше поставена на кревет, точно на дамката од неговата семена течност!“

„Продолжи да го прави тоа, а кога му кажав дека знам што прави, ми се налути и рече дека е невозможно тоа да го дознаам, па дефанзивно почна да ме обвинува дека ги “душкам“ чаршафите. Тоа што го прави е одвратно. Дефинитивно не мислев дека е таков и навистина не знам што да правам“…

За атмосферата да биде уште полоша за неа, признава и дека се чувствувала запоставено од сопругот, кој бил „отсутен“ и кога се заедно, раскажувајќи дека наместо да уживаат во нивната интима, тој постојано се анимирал исклучиво со својот паметен телефон. 

„Понекогаш ми се чини дека го нервирам. Се чувствувам како да имам нервозен тинејџер до мене и немам поим како тоа претходно не го сфатив“

профимедиа

По признанието, многумина отворено ја советуваа да го напушти сопругот, со коментари како „Што е позитивно во сето тоа? Изгледа како кошмар и навистина не гледам зошто треба да бидеш во брак со тој човек. Извини!”

Затоа, препорачливо е да се живее барем неколку месеци со личноста која би сакале да се „врзете“ и на хартија, бидејќи веќе има премногу бракови кои „пропаднале“ во првите години по судбоносното „да“, и секако, сите имаат свое толкување за тоа како е „нормално“ да се поминува времето низ дома.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close