ВИДЕО+ФОТО | Тајните на „Плејбој“: Поранешна зајчица вели дека им биле давани седативи за „забава“

Profimedia
Profimedia

Во најавата за 10-часовното истражување на „Плејбој“ империјата, Холи Медисон (41) ја открива менталната и емоционалната болка што ја преживеала како зајчица од 2001 до 2008 година од рацете на Хефнер – кој почина од сепса во 2017 година на 91-годишна возраст, пренесува „NYPost“.

„Се чувствував како да сум во круг на груби нешта и не знаев што да правам“, вели Холи Медисон, поранешна Плејбој зајчица и поранешна девојка на покојниот Хефнер, во ново видео за претстојната документарна серија „Secrets of Playboy.“, која ќе дебитира на 24 јануари.

„ДОЈДОВ ДО МОМЕНТ КОГА НЕКАКО СЕ СКРШИВ ПОД ТОЈ ПРИТИСОК И ПОТРЕБАТА ДА ИЗГЛЕДАМ ТОЧНО КАКО СИТЕ ДРУГИ“, ВЕЛИ МЕДИСОН.

Сега Медисон ја смета нејзината поврзаност со Плејбој за „опасен избор“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Page Six (@pagesix)

„Хеф се преправаше дека не бил вклучен во употребата на тешка дрога во вилата, но тоа беше лага“, вели поранешната партнерка на Хефнер, Сондра Теодор, „Плејбој“ зајчица од 1976 до 1981 година. „Се користеше хипнотички седатив за секс – Метаквалон, за сензацијата што ја предизвикува“.

„Обично земавте половина. Но, ако земете две, ќе се онесвестите“, открива Теодор (64). „Такво беше заведувањето, и мажите знаеја дека можат да ги натераат девојките да прават речиси сè што тие ќе посакаат ако им дадат седатив“.

Поранешната секретарка и извршна асистентка на Хефнер ги потврди тврдењата на Сондра за склоноста на Хефнер да дрогира жени.

„Метаквалонот го нарекувавме раширувач на нозе. Тоа беше целата негова поента“, вели Лиза Ловинг Барет во видеото. 

„Тие беа неопходно зло… за забавата“.

Барет, која работела во вилата од 1977 до 1989 година, признава дека им помагала на Хефнер и неговите вработени со извршна функција во обезбедувањето на рецепти за „лековите“ со цел да се одржи постојан проток на седативи во дувлото на страста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Us Weekly (@usweekly)

Извор: Еспресо 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот