Фото: Принтскрин/Јутјуб

ВИДЕО | Жена 30 дена секој ден одела по 20.000 чекори: Еве што се случило со нејзиното тело

Жена која си поставила предизвик да пешачи 20.000 чекори секој ден, откри што се случило со нејзиното тело по 30 дена.

Додека некои здравствени експерти препорачуваат цел од 10.000 чекори дневно, други сметаат дека прифатливиот опсег е многу поширок, пишува „Унилад“ (Unilad). Д-р Мајк Исраетел истакнува дека повеќето луѓе имаат корист од 6.000 до 12.000 чекори дневно.

 „За повеќето луѓе 6.000 до 12.000 чекори дневно е сосема во ред, но можеби е подобро да се каже дека, ако редовно пешачите значително помалку од 5.000 или 6.000 чекори дневно и не практикувате многу други физички активности, во повеќето случаи би можеле да живеете подолго ако се движите повеќе“, објаснил тој.

Други експерти наведуваат дека веќе 7.000 чекори дневно може да го намалат ризикот од рак за 11 отсто. Студија од 2023 година покажала дека дури и мало зголемување, како дополнителни 1.000 чекори секој ден, „е поврзано со значително намалување од 15 отсто на смртноста од сите причини“.

Предизвик од 20.000 чекори

Но, што се случува кога ќе го удвоите тој број? Токму тоа одлучила да го проба инфлуенсерката за фитнес и здравје Илва Игнатовица, која прифатила 30-дневен предизвик да пешачи 20.000 чекори дневно. Таа го споделила своето искуство во видео на Јутјуб, осврнувајќи се на своите резултати пред крајот на предизвикот.

Едно од првите нешта што ги забележала била болката во грбот.

„Почувствував болка во грбот и брзо сфатив дека само затоа што одев толку многу не значи дека можам да ги прескокнам истегнувањето и вежбите за сила“, сподели таа.

Поради времето потребно за да се постигне целта – околу четири часа одење дневно – не можела да прави вежби за сила толку често како порано.

Сепак, позитивните страни ги надминале негативните.

„Од друга страна, се чувствував гордо поради својата упорност, благодарна за прекрасните прошетки и среќна што ослабев два килограми“, продолжила Илва, зборувајќи за придобивките од големиот број чекори.

Искуства на гледачите

Нејзиното видео, објавено пред три години, ги инспирираше другите да ги споделат своите искуства со зголемениот број чекори. Многумина го потврдија позитивното влијание врз нивното здравје.

Еден корисник напишал: „Правев 20.000 чекори дневно 6 недели. 8.000 во 5 часот наутро и 8.000 во 17 часот, 7 дена во неделата. Другите 4.000 ги правев во текот на нормален работен ден. Мојот здравствен профил целосно се промени.“

Друг додал: „Го променив мојот предијабетес… само со дополнително пешачење секој ден и избегнување на храна со шеќер.“

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот