ВИДЕО: Жарко Пешевски во Топ 5 голови на колото во Лигата на шампионите

фото: РК Еурофарм Пелистер

Еурофарм Пелистер против Кил до сега го имаше најдоброто издание сезонава во ракометната Лига на шампионите, иако го претрпе и третиот пораз во групата „А“.

Актуелниот македонски првак со само три голови разлика (20:23) во Битола беше совладан од германскиот шампион.

Европската ракометна федерација (ЕХФ) по секое завршено коло ги објавува најдобрите пет голови.

Трет најубав погодок има пивотот на Еурофарм Пелистер, Жарко Пешевски, а во изборот се наоѓаат и Гудјонсон (Колстад Хандбал), Мертенс (Магдебург), Михиќ (Висла Плоцк) и Мачковшек (Пик Сегед).

На видео записот можете да ги погледнете најдобри пет погодоци на третото коло во ЛШ:

Во изборот на ЕХФ се најде уште еден играч на Еурофарм Пелистер, голманот Калифа Гедбан кој ја има четвртата најдобра одбрана на колото во ЛШ. На листата се и Мандиќ (ППД Загреб), Ландин (Алборг), Десбоне (Монпеље) и Портнер (Магдебург).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот