ВИДЕО: Во финишот им избега победата на Барди и Леванте!

Останува да видиме дали ќе настапи со репрезентацијата во ноември против Ерменија и Исланд/Фото: EPA-EFE/DOMENENCH CASTELLO

Денеска во рамките од 22 коло во најсилното шпанско првенство Леванте на домашен терен ремизираше 2:2 со Гранада.

Иако двапати водеше составот на Лопез, на крајот гостите успеаја да си заминет со бод. Интересен е податокот кој вели дека Леванте веќе девет натпревари по ред не знае за пораз, пет во шампионатот, а четири во „Копа дел Реј“.

Тимот од Валенсија моментно е на деветтата позиција со 27 бодови, а во наредното коло ќе игра против Осасуна.

На денешниот меч македонскиот репрезентативец Енис Барди настапи од 82 минута како замена за Рожер при резултат 2:1.

Во судиското надополнување (90+2) Солдадо после асистенцијата на Пуертас ја спаси Гранада од пораз.

Барди преку Атлетик Билбао ќе брка финале во Кралскиот куп

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот