Барди преку Атлетик Билбао ќе брка финале во Кралскиот куп

Енис Барди пред одлука дали да продолжи со Леванте/Фото: EPA-EFE/Salvador Sas

Ги дознавме полуфиналните двојки во шпанскиот „Копа дел Реј“, а во оваа фаза Леванте на македонскиот репрезентативец ќе ги одмери силите против Атлетик Билбао.

Во втората полуфинална пресметка Барселона ќе ги одмери силите против Севиља, можеби и двата фаворити за трофејот во ова натпреварување.

Првите натпревари ќе се играат на 10/11 февруари, а реванш дуелите на 3/4 март 2021 година. Финалето ќе се организира на 17 април во Севиља.

Во меѓувреме на 3 април исто така во Севиља ќе се одржи пак финалето за минатата натпреварувачка сезона (2019/20) помеѓу Реал Сосиедад и Атлетик Билбао. Ова завршна битка требаше да се одигра на 18 април 2020 година, но истата беше одложена поради пандемијата на коронавирусот.

Кралски куп 2020/21

Први натпревари, полуфинале

Севиља-Барселона
Атлетик Билбао-Леванте

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот