ФОТО+ВИДЕО | Ветеранка од втората светска војна возеше ЅU-34! Бабушка (99) се издигна во небото: Чувството е космичко!

Можеби има 99 години, но оваа супер бабичка нема намера да забави. Минатата недела, ветеранката од Втората светска војна, Марија Колтакова, пилотираше со симулаторот за летови SU-34 во нејзиниот роден град Вороњеж, Русија.

Седејќи покрај професионалниот пилот потполковник Андреј Дјаченко, Колтакова ја презеде контролата над леталото на воениот аеродром во Балтимор. Симулаторот изгледа како вистински кокпит и создава совршени услови за лет.

„Железната баба“, како што ја нарекуваат, веќе изведе бројни подвизи, вклучувајќи скокање со падобран, нуркање и летање со балон на топол воздух.

Според Дjаченко, Колтакова со негова помош извела и свртување, а потоа самата ја презела контролата.

„Впечатокот е космички. Ми се допадна сè. Летав низ облаците и го видов Вороњеж”, рече таа.

Пишувајќи на Инстаграм, ветеранката му се заблагодарила на Дjаченко, објаснувајќи дека тие вежбале „аеробатика“ и „го полнеле авионот со гориво додека биле во воздухот“, истакнувајќи дека е разочарана што тоа бил само симулатор.

Поранешна волонтерка од Втората светска војна, Колтакова учествувала во клучната битка за Курск и била дел од војската што ослободи голем дел од Источна Европа, вклучувајќи го Карков и Лавов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот