Фото: Инстаграм/Весна Петрушевска

ВИДЕО | Весна Петрушевска со емотивна честитка за 20. роденден на ќерка ѝ: „Да те немаше, пак ќе те пронајдев и ќе беше моја!“

Македонската актерка Весна Петрушевска напиша емотивна роденденска честитка за ќерка ѝ Мина, која денеска (11 ноември) го прославува својот 20. роденден.

Инаку, Мина денес живее и работи во Дубаи и ова ѝ прв роденден којшто го слави далеку од дома. Покрај емотивната порака, Петрушевска сподели компилациско видео со најубавите семејни фотографии од последните две децении.

„Мина имаше 9 месеци и 3,5 килограми. Буквално кукла на батерии, да ти е страв да ја гушнеш оти беше порцеланска кукла.

Поминавме заедно како за три животи, јас и таа.

Но, таа нејзина насмевка ги освојува сите. Кога летово си замина за Дубаи со Мони (третото дете) ми кажа:

’Конечно ќе се ослободам од сите што ме гледаа под око и што не ме разбираа. Само ти ќе ми фалиш од Македонија и баба… Тато ќе го видам скоро‘.

Денес полни 20 години, живее во Дубаи со Моника, оди на работа каде сите ја сакаат оти таа освојува на прва топка.

Ова е првиот роденден каде не сме заедно.

Ние родителите треба да сме лакот, а децата стрелата. Љубовта е несебична и многу повозвишенa од што можеме да претпоставиме.

Мина, Минка, Миниминима среќна 20-ка ќерка. Да те немаше пак ќе те пронајдев и пак ќе беше моја ќерка! Убаво да си поминете со Мони и колегите! Ова е твој ден и наздрави за сите нас!“, напиша Петрушевска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот