Весна Петрушевска - Фото: Инстаграм

ВИДЕО | Весна Петрушевска ја поднесе петицијата за заштита на децата од штетните влијанија на социјалните мрежи

Актерката Весна Бејби Петрушевска , направи важен чекор во борбата за безбедноста на најмладите во дигиталниот простор. По интензивна кампања за собирање потписи преку платформата Change.org, таа објави дека петицијата е официјално поднесена до надлежните институции.

Преку емотивна објава на социјалните мрежи, Петрушевска им се заблагодари на сите граѓани кои ја поддржаа нејзината иницијатива, нагласувајќи дека ова е само почеток на една поширока дебата за менталното здравје на младите.

„Ви благодарам, јас тоа што го ветив го реализирав. Се надевам на широка дебата и само посакувам добро ментално здравје на младите, вие не сте свесни колку е тоа важно. Нешто направивме за нашите деца“, порача актерката, апелирајќи до граѓаните да продолжат со потпишувањето бидејќи секој нов глас ја зголемува довербата и тежината на оваа иницијатива.

Иницијативата на Петрушевска доаѓа во време кога светот воведува строги регулативи. Австралија веќе забрани социјални мрежи за помлади од 16 години, додека Франција воведе „дигитално полнолетство“ на 15 години. Со поднесувањето на оваа петиција, и Македонија се приклучува на глобалниот аларм за заштита од сајбер булинг и штетните алгоритми кои ги таргетираат малолетниците.

Се очекува институциите да ја стават петицијата на разгледување, со што би се отворил патот кон законски измени што ќе значат „црвено светло“ за неконтролираното влијание на социјалните мрежи врз македонските деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот