ВИДЕО: Ватикан ѝ врати на Грција делови од скулптури, украдени од Партенон пред векови

Фото: BBC/printscreen

Ватикан ѝ врати на Грција три дела од скулптури своевремено однесени од храмот Партенон во Атина, откако лани Папата Франциск ја најави одлуката за враќање на артефактите стари 2.500 години, јавува „Би-би-си“.

Деловите од мермерните скулптури – глава на коњ, глава на маж со брада и глава на момче, биле дел од колекцијата на Ватикан околу два века.

Грција се надева дека потегот на Ватикан ќе поттикне и други земји да ги вратат скулптурите од Партенон украдени низ вековите. Само околу половина од оригиналните скулптури во Партенон се зачувани, а поголемиот дел од другата половина се наоѓаат во Британскиот музеј во Лондон.

На почетокот на 19 век, скулптурите кои се во Лондон биле украдени од Партенон по наредба на шкотскиот благородник Томас Брус, познат како Лорд Елгин. Тој потоа им ги продал скулптурите на властите, кои ги изложиле во Британскиот Музеј.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот