Фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

ВИДЕО | Вардар слави голема победа над Тулуз во ЕХФ Европската лига

Ракометарите на Вардар 1961 продолжуваат со одличниот старт во новата сезона од ЕХФ Европската лига. По домашниот триумф над Сесвете, „црвено-црните“ во вторникот славеа голема победа во Франција од 28:26 против силниот Тулуз, за максимални два победи од два натпревари во групната фаза.

Момците на Иван Чупиќ одиграа перфектно прво полувреме, вистинска ракометна лекција за францускиот тим. Со агресивна одбрана и прецизен напад, Вардар уште на почетокот се одлепи на 6:1, а во 23 минута водеше со убедливи 14:8. До крајот на полувремето, македонскиот претставник ја одржа високата разлика и замина на пауза со водство од 18:11.

На стартот од второто полувреме Вардар имаше и највисоки „плус девет“ (21:12), но потоа следеше пад во играта и пресврт на домашните ракометари. Тулуз со серија погодоци се врати во игра и во 47 минута намали на само еден гол разлика (23:22), внесувајќи голема доза драма во завршницата.

Сепак, кога беше најтешко, играчите на Чупиќ покажаа карактер и ментална сила. Пресудни беа головите во последните пет минути – најпрво сигурна реализација од седмерец за 26:24, потоа две брзи акции кои ги реализираа Гогов и Боно за предност од 28:24, по што победата беше обезбедена.

Најдобар стрелец за Вардар беше Јака Малус со шест погодоци, додека Дмитро Хориха четири пати ја тресеше мрежата на Тулуз. На голот, Васил Гогов имаше неколку клучни одбрани во завршницата кои ја запечатија победата. Валац имаше осум, а Гогов три одбрани.

ЕХФ Европска лига

Група Ф

Второ коло, резултати:

Сесвете – Кристијанштад 32:32
Тулуз – Вардар 1961 26:28

Табела:

1. Вардар 1961 4 бодови
2. Кристијанштад 3
3. Сесвете 1
4. Тулуз 1

Трето коло, двојки:

11 ноември 2025
Сесвете – Тулуз
Кристијанштад – Вардар 1961

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот