ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО: Вакцинацијата почна, ќе биде ли масовна до крајот?

Во „А1 арената“ на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ денеска почна вакцинацијата на вработени во МВР, Армијата, царината, патарините, наставниците и новинарите. За овие вработени во институциите клучни за функционирањето на државата, се искористија руските вакцини „Спутник В“, донирани од Србија.

На 48 пункта во спортскиот центар, според претходно направени приоритетни списоци, се вакцинираа граѓаните, а потоа беа упатувани на десетминутна опсервација. Лекарски тимови се движеа меѓу столчињата за да ги контролираат пациентите кои немаа несакани реакции од вакцината и по десет минути се упатуваа дома.

– Сè е како што треба организациски. Во однос на масовноста, и тоа мислам дека оди одлично и се надеваме дека од утре ќе биде уште помасовно и дека граѓаните ќе прифатат дека вакцинацијата е спас. Граѓаните постојно пристигаат и досега на околу 150 им ставив вакцина. Немаше некој да развие несакан ефект. На младо момче му се слоши малку, но не беше од вакцината, се реши најдобро состојбата – изјави за „Слободен печат“, Денис Јанкуловски, медицински техничар распореден на еден од 48-те вакцинални пунктови во Спортскиот центар „Борис Трајковски“.

До вчера околу 1.700 припадници на Армијата, повеќе од 3.700 вработени во МВР и над 750 новинари се пријавија за вакцинација, а ќе бидат повикувани во групи, според приоритетноста, најнапред повозрасните и хронично болните, па потоа останатите, според националниот план за имунизација.

– Мојот совет е да се вакцинираат сите, зашто според мене природата, здравата храна и здравиот живот се најдобра вакцина. Но, така дојде животот, зашто не можеме на друг начин да се заштитиме себеси и најблиските. Да бидат сигурни дека вакцините се сигурни и дека се заштита – додаде Јанкуловски.

Погледнете ја галеријата:

Скопје, 5 април 2021 – Фото: Слободен Печат. / Драган Митрески

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот