ВИДЕО | Убавината е во самодовербата: Орнела Мути на 67 години во долна облека и чизми со високи потпетици
Славната италијанска актерка Орнела Мути, за неполни два месеци ќе го прослави својот 68 роденден и изгледа фантастично. Во светските медиуми постојано кружат фотографии од неа, а над 300.000 следбеници секојдневно ја следат на Инстаграм.
Препорачано
View this post on Instagram
Франческа Романа Ривели, позната во светскиот џет-сет како Орнела Мути, ја започнала својата кариера како модел. Веднаш била забележана од филмските режисери, па набрзо добила и филмски улоги. Најпознати филмови во кои се појави се „Флеш Гордон“ „Il bisbetico domato“, „Оскар“, а на публиката од балканскиот регион најпозната им е по улогата во филмот „Девојката од Трст“.
View this post on Instagram
Убавицата Орнела е една од оние жени чија харизма „отвора врати“, не само поради убавината, туку и реткиот спој на талент и убавина.
Самата има изјавено дека цел живот е физичка активна, не конзумира алкохол и нејзината исхрана е претежно свежо овошје и зеленчук, мали порции и се придржува на пост.
View this post on Instagram
Мути исто така неколку пати има јавно нагласувано дека е голема противничка на естетската хирургија и изјави дека не сака да се одрече од лицето и телото кое фановите го познаваат, а грижата за своето лице ја одржува со хидратација и креми прилагодени за нејзината возраст.
View this post on Instagram
Природната убавица, секако има и руски „траги“ во нејзиниот живот. Нејзиниот татко бил наполитански новинар кој се вљубил во мајка ѝ, германско-естонска вајарка, а се запознале и живееле во Санкт Петерзбург, Русија.
View this post on Instagram
Ќерката на иконата на италијанската кинематографија на личниот инстаграм профил, објави видео од својата мајка во долна облека додека Орнела се шминка во својот дом.
View this post on Instagram
Наике Ривели, ќерката на Мути и постави прашање на својата мајка додека ја снимаше во долга облека.
„Мамо, што мислиш за срамењето од сопственото тело?“ – ја праша Наике својата мајка.
Мути веднаш и одговори:
„Што ми е гајле? Ова сум јас, кој ме сака, ме сака“ – истакна актерката.
Видеото кое го постави ќерката на актерката на кое се гледа како Орнела се шминка облечена во долна облека и чизми на високи потпетици, собра илјадници лајкови и безброј ласкави коментари од обожавателите.
Повеќето ја опсипуваа со комплименти не само за нејзината убавина, туку и за искреноста со која се претставува пред јавноста, без филтри.
Италијанска актерка поради вечера со Путин се соочува со затвор


