ВИДЕО | Уапсен „идиотот“ што штипна репортерка „во живо“ на ТВ

Фото Твитер

Шпанската полиција го уапси мажот што нападна репортерка додека се јавувала во живо за телевизијата „Медијасет Еспања“.

Иса Баладо известувала од улица во Мадрид за грабеж на банка кога минувач ненадејно се приближил и ја допрел за задникот, а потоа запрел и ја прашал за кој телевизиски канал работи.

Водителот во студиото Начо Абад итно го прекинал извештајот и ја прашал репотерката дали минувачот ја допрел, и кога таа потврдила, Абад инсистирал „да го прикаже идиотот пред камерите“. Тој застанал покрај неа, негирал дека ја допрел и ѝ ја избушавил косата пред да замине, а потоа повторно се вратил и ѝ рекол „да ја каже вистината“.

Инцидентот предизвикал жестоки реакции и згрозување во јавноста, која во изминатиот месец беше потресена од скандалозниот бакнеж на претседателот на фудбалската асоцијација Луис Рубијалес и фудбалерката Хени Хермосо.

„Медијасет Еспања“ соопшти дека новинарката претрпела „апсолутно неприфатлива ситуација“ и категорично ги осуди сите форми на агресија и злоставување.

По неколку часа полицијата објави дека го уапсила „идиотот“ и повторно го прикажа на телевизија, овој пат како го приведуваат со рацете во лисици зад грб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот