ВИДЕО: Тухел на дебито со Баерн ја „нокаутираше“ Борусија Дортмунд во Бундес лигата

Тренерот на Баерн, Томас Тухел/фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Баерн Минхен е лидер Бундеслигата по рутинска победа во натпревар кој требаше да покаже дали Борусија Дортмунд може да се справи со гигантот во трката за титулата.

На „Алијанц Арена“ немаше дилема, новиот тренер на Баерн Томас Тухел имаше успешно деби и со триумф од 4:2 на „Алијанц“ арената се врати на првото место.

Уште по првото полувреме беа решени сите дилеми, автогол за предност на домаќините си постигна Кобел во 13 минута, а Милер за краток период успеа двапати да се запише во листата на стрелците за веќе 3:0 по само 23 минути игра.

Коман во 51 минута ја зголеми позитивата на 4:0, а „милионерите“ до крајот на средбата само успеаја да го ублажат својот пораз преку Џан во 72 минута од пенал и Мален во 90 минута.

Водечки е Баерн со 55 бодови на табелата, два повеќе од Борусија Дортмунд, а трет е Унион Берлин со 51. Во другите мечеви: Фрајбург – Херта Берлин 1:1, Лајпциг – Мајнц 0:3, Шалке – Баер Леверкузен 0:3, Унион Берлин – Штутгарт 3:0, Волфсбург – Аугсбург 2:2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот