ВИДЕО: „Трипл-дабл“ против Атланта, Јокиќ го брка рекордот на Меџик Џонсон
Кошаркарите на Денвер ја совладаа Атланта на домашен терен во НБА лигата со резултат 142:110, а еден од најдобрите во тимот од Калифорнија, Никола Јокиќ го оствари 130 „трипл-дабл“ во кариерата кога е во прашање регуларниот дел од сезоната.
Препорачано
Српскиот центар на Нагетс и двократен МВП во најсилната лига на светот запиша 19 поени, 14 скокови и 11 асистенции.
Nikola Jokic just recorded his 130th career regular season triple-double, the 4th most in NBA history. He's 8 triple-doubles behind Magic Johnson for 3rd on the NBA's all-time leaderboard.
— Harrison Wind (@HarrisonWind) April 7, 2024
Ова е 25 трипл-дабл на Јокиќ оваа сезона, а воедно и четврти најголем број на „трипл-дабл“ ефекти на еден кошаркар во историјата на НБА.
За третото место на вечната листа на Јокиќ му недостасуваат уште осум „тропл-дабл“ ефекти, по што ќе го престигне легендарниот ас на Лос Анџелес лејкерс, Меџик Џонсон.
На врвот на листата е актуелниот кошаркар на Лос Анџелес клиперс, Расел Вестбрук (198), втор е поранешниот МВП на НБА, Оскар Робертсон (181), а во првата петорка е и Леброн Џејмс (110).
НБА лига, резултати:
Бруклин – Детроит 113:103
Мемфис – Филаделфија 96:116
Денвер – Атланта 142:110


