Три жртви во експлозија во Москва/Фото: Yuri Kochetkov / Sputnik / Profimedia

ВИДЕО | Тројца луѓе загинаа во експлозија во Москва во близина на местото на атентатот врз генералот Сарваров

Двајца сообраќајни полицајци загинаа во експлозија во Москва во вторник вечерта, објави Тасс.

Според локалните медиуми, експлозијата се случила кога полицајците се обиделе да уапсат осомничен во близина на местото каде што пред неколку часа беше убиен рускиот генерал Фанил Сарваров.

Како што објави истражниот комитет, во експлозијата загинало и друго лице кое било блиску до полицајците.

Двајца од жртвите се полицајци/Фото: Yuri Kochetkov / Sputnik / Profimedia

Според соопштението, експлозијата се случила кога полицајците се обиделе да уапсат осомничен.

„Експлозивната направа детонирала кога полицајците се приближиле до ова лице, кое било во близина на нивното службено возило“, изјавил руски полициски извор.

ВИДЕО+ФОТО | Руски генерал е убиен во експлозија на автомобил бомба во Москва

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот