ВИДЕО | Трагедија во Атина: Навивач на АЕК загина во судир со „Бед Блу Бојс“

фото: EPA-EFE/SIMELA PANTZARTZI

Денеска од 20.45 часот ќе се игра првиот натпревар од третото квалификациско коло од Лигата на шампионите гостува во Атина помеѓу АЕК и Динамо Загреб.

Со причина, УЕФА го прогласи овој меч го прогласи натпревар од висок ризик и ги забрани гостинските навивачи. Но, и покрај забраната дел од навивачите на Динамо вчера пристигнаа во Атина.

Грчките портали доцна синоќа објавија дека имало големи нереди во близина на стадионот на АЕК каде според различни медиуми, околу 150 луѓе пристигнале пред ОПАП Арената и удриле по сите на кои ќе налетале.

За тоа сведочат и снимките од конфликтот во кој напаѓачите вооружени со палки и други предмети ги принудуваат домашните навивачи да бегаат во кафулињата.

Грчките медиуми јавуваат дека на „Бед Блу Бојс“, навивачката група на Динамо, им се придружиле и навивачите на Панатинаикос со кои се во пријателски односи и кои се градски ривали со навивачите на АЕК.

Порталот emswi.gr пишува дека навивачи од Хрватска се обиделе да упаднат на стадионот и го оштетиле челичниот орел, а реакцијата на полицијата била задоцнета иако биле подготвени за пристигнувањето на БББ.

Според синоќешните информации, неколку лица се повредени, меѓу кои и еден навивач дури и тешко откако бил прободен со остар предмет. Во текот на ноќта грчките медиуми објавија дека навивачот им подлегнал на повредите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот