ВИДЕО: Том Круз повторно во акција низ Венеција – Продолжи снимањето на „Невозможна мисија 7“

Фото: Јутјуб/Принтскрин

Том Круз се врати на работата на седмото продолжение на „Невозможна мисија“ во Венеција откако снимањето мораше да биде запрено поради 12 заразени лица на сетот на филмот.

Славниот 59-годишен актер повторно трча и скока низ Европа, а овој пат тој своите акциски потфати ги изведуваше во Венеција, каде е продолжено снимањето на филмот.

Работата на филмот мораше да биде запрена откако 12 лица се заразија со коронавирусот, но сега продолжи, и тоа со полна пареа, доколку судиме според снимките од Венеција. Актерот е снимен како трча и скока од чамец на чамец во еден од многубројните канали.

Том Круз филмските акробации ги изведуваше во вечерно одело и под црна заштитна маска. Како и во четири претходни филмови од франжизата „Невозможна мисија“, популарниот актер Сајмон Пег повторно ќе ја отелотвори улогата на Бенџи Дуна.

Коронавирусот исклучително го отежнува снимањето на филмот со оглед на тоа што на одделни сцени на сетот мора да присуствуваат повеќе од 150 луѓе. По немилата ситуација со заразените на сетот, снимањето на филмот беше продолжено во Норвешка пред враќањето во Венеција.

„Невозможна мисија 7“ ќе и биде достапна на јавноста на крајот од 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот