ВИДЕО | Таткото на Матеј Периш со трогателен говор: Благодарам Белград, си одам дома со мојот син

Ненад Периш / Фото: Скриншот, „Индекс“

Во Белград беше организирано испраќање на трагично загинатиот Матеј Периш, чие тело беше пронајдено неделава во реката Дунав, четири и пол месеци по неговото исчезнување. Пред црквата се собраа голем број граѓани, а по мисата, на јавноста ѝ се обрати неговиот татко, Ненад Периш, објави хрватски „Индекс“.

Тој им се заблагодари на сите, од граѓаните и медиумите, па сѐ до српската Влада и рече дека белграѓани покажале големо срце.

„Би сакал да се обратам до вас новинарите, би сакал да се заблагодарам на градот Белград за големото срце што ми го даде. Без разлика што мојот син таму го заврши својот земен живот, срцето што ми го даде Белград, граѓаните на Белград и цела Србија ми помогна многу, низ овие 139 дена чувствувам човечка љубов, грижа, сочувство и се што му треба на еден човек во тие моменти“, изјави Периш.

„Би сакал да му се заблагодарам и на МВР на Србија, тие завршија огромна и неверојатна работа, секој контакт со нив беше пред сѐ човечки, а потоа професионален, таков каков што требаше да го поминам овој период, а сепак да ги дознаам деталите“, рече тој.

„Благодарам на секој полицаец, началник и на сите што учествуваа во тоа. Би сакал да му се заблагодарам и на хрватското МВР, тие завршија одлична работа. Тие завршија одлична работа, благодарам. Благодарам на Министерството на БиХ од МВР, тие учествуваа на почетокот“, рече тој.

„Благодарам на секој човек, без разлика дали е верник или не“.

„Ви благодарам на сите вас новинарите, снимателите, вашите редакции, на сите особено. Мислам дека покажавте дека сте луѓе и дека во вакви тешки ситуации ја знаете разликата помеѓу вест и болка. Благодарам на моите католички свештеници, но и на патријархот Порфириј, се надевам дека ќе дојде сега со неговите епископи и сите православни верници кои отворено се молеа за Матеј“, рече тој.

„Благодарам на секој човек во Белград, без разлика дали е верник или не, што беше со мене, повикувајќи го Бога да ми даде сила да издржам“, рече тој.

„Дојдовме до крајот. Денеска си одам дома со син ми, вртам нова страница од мојот живот. Ќе биде проткаено со спомени од Белград, неизмерна тага, мојот крст на грбот. Но, после сѐ, мислам дека ќе бидам подобар човек“, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот