Српски медиуми: Пронајдено телото на Матеј Периш?

Фото Колаж на СП/ Фото OLIVER BUNIĆ / RAS SRBIJA

Утрово околу 9.30 часот е пронајдено тело на млад маж во Дунав, во близина на Ада Хуја. Според српските медиуми, гардеробата со која е пронајдено телото одговара на онаа којашто ја носел сплиќанецот Матеј Периш кога исчезна.

Пишува хрватски „Индекс“, повикувајќи се на српски „Блиц“, пронајденото тело на себе има фармерки, маичка со апликација и една бела патика што, според информациите, се поклопува со гардеробата која ја носел Матеј Периш во ноќта кога исчезна, меѓу 30 и 31 декември минатата година во Белград.

Телото е извлечено од реката, на терен се форензичарите.

ОБНОВЕНО Таткото на Матеј Периш: Тешко ми е, но морам да се соочам со вистината

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот