ВИДЕО | Тамара Тодевска со емотивна порака го одбележа роденденот на синот Дарен: „Ти си моето срце надвор од мене“
Македонската пејачка Тамара Тодевска на исклучително емотивен начин го одбележа седмиот роденден на својот син Дарен. По тој повод, таа на социјалните мрежи објави видео составено од лични и интимни моменти, фотографии од Дарен низ годините, но и топли семејни сцени со ќерката Хана и нејзиниот партнер Лука, кои сведочат за љубовта, блискоста и светлината што ја носи семејството во нејзиниот живот.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
View this post on Instagram
Видеото е проследено со музика од Адел, а објавата ја заокружува искрена и емотивна порака од Тамара, во која таа без задршка ја искажува мајчинската љубов и благодарност:
„Среќен 7-ми роденден, сине
Од првиот здив знаев дека ти си МОЕТО СРЦЕ надвор од мене.
Со тебе ЉУБОВТА доби ново значење, а секој ден е полн со СВЕТЛИНА.
Биди СРЕЌЕН И ЗДРАВ
Нека светот ти ги отвори сите врвови.
Дарен, те сакаме бескрајно.
Мама, Хана и Лука“
Со овие зборови, Тамара уште еднаш покажа дека, и покрај сите професионални успеси, нејзината најголема улога и најдлабока емоција останува – мајчинството. Објавата допре до срцата на бројни следбеници, кои во коментарите ѝ упатија честитки, убави желби и зборови на поддршка, истакнувајќи дека искреноста и љубовта што таа ја споделува се ретки и драгоцени.


