ВИДЕО | Сѐ поради инсект? По концертот на Бијонсе се случило стампедо, девет лица се повредени
Девет лица беа повредени во стампедо на метро станицата Вајн Сити во Атланта, кратко откако Бијонсе заврши со концертот како дел од нејзината турнеја „Каубој Картер“. Инцидентот се случил во раните утрински часови во вторник, а според локалните власти, паниката наводно ја предизвикала девојка која имала бурна реакција на инсект.
Препорачано
Според соопштението од Управата за брз транзит на Метрополитен Атланта (MARTA), инцидентот се случил веднаш по полноќ, додека илјадници обожаватели го напуштале стадионот „Мерцедес-Бенц“ во центарот на Атланта. Ненадејно стампедо се случило на ескалатор што водел кон излезот од перонот, при што девет лица биле повредени. Едно лице се здобило со скршен глужд, додека другите се здобиле со полесни повреди како што се исеченици и гребнатини. Седум од повредените биле однесени во болница, додека едно лице одбило медицинска помош.
Полицијата соопшти дека сведоците слушнале вресоци што предизвикале паника во преполната станица. Според информациите дадени од Стефани Фишер, виш директор за комуникации на MARTA, очевидци рекле дека лицето кое врескало всушност реагирало на инсект.
„Верувам дека има видео на Тикток каде што една жена тврди дека нејзината 10-годишна братучетка вреснала кога го видела инсектот. Снимките од станицата јасно покажуваат како луѓето трчаат во паника, но не е јасно кој врескал или на што реагирале“ рекла Фишер.
Шефот на полицијата, Скот Крехер, потврди за локалната станица „Ен-би-си“ дека првичните извештаи за паника биле предизвикани од девојка која видела лебарка, или она што е познато како „палмето лебарка“. Во стампедото што следело, луѓето почнале да врескаат и масовно да се спуштаат по ескалатор, кој привремено се забрзал поради тежината и ненадејното движење на толпата, а потоа одеднаш застанал. Оваа промена во механизмот дополнително придонела за повредите.
„Некој почнал да вреска надвор од станицата. Таа била исплашена од бубачка, но била надвор од толпата“, изјави вршителката на должноста извршен директор на МАРТА, Ронда Ален, на состанок на одборот во четврток.
Ален забележала дека ескалаторорт поминал рутинска инспекција за одржување неколку дена претходно и не покажал знаци на дефект. Но, ненадејната маса луѓе што се спуштале предизвикала механички стрес што предизвикало ескалаторот да се забрза, а потоа да застане.
Како одговор на инцидентот, службените лица најавија дополнителни безбедносни мерки. Во иднина, дополнителен персонал ќе биде стациониран на клучните точки за да го насочува движењето на патниците и да го следи влезот во ескалаторите за да се спречат слични ситуации.
Иако инцидентот немаше трагичен исход, тој предизвика сериозни загрижености за безбедноста на јавниот превоз за време на големи настани.
@pandaapours Beyoncé night 4 was definitely memorable! The Marta escalator tumbled down, hundreds of people smashed under each other 😭 #marta #beyonce #atlanta @Beyoncé ♬ original sound – Panda


